Анџелина Џоли, во ретко интервју за животот во самоизолација со нејзините шест деца, открива дека таа останува смирена за децата да не почувствуваат вознемиреност, а исто така говори и за „неподносливиот расизам во САД и потребата да се направат промени во законите“.
45-годишната актерка и специјален пратеник на Високиот комесарија за бегалци даде интервју за списанието Harper’s Bazaar UK од нејзиниот дом во Лос Фелиз, Калифорнија, и сподели две фотографии за списанието.
Поранешната сопруга на Бред Пит вели дека целата своја енергија ја насочува во шесте деца и се труди да остане смирена за тие да не почувствуваат вознемиреност.
Џоли, која што донираше 200.000 долари на НААЦП фонд за правна одбрана по смртта на Џорџ Флојд, вели дека е загрижена за расизмот.
„Имајќи шест деца, секој ден се потсетувам на она што е најважно“, рече sвездата на „Г-дин и г-ѓа Смит“.
„Но, по скоро две децении меѓународна работа, оваа пандемија и овој момент во Америка ме натера да ги преиспитам потребите и страдањата во мојата земја“.
Џоли додаде дека повеќе од 70 милиони луѓе „морале да ги напуштат своите домови ширум светот заради војна и прогонство, а и во Америка постои расизам и дискриминација“.
„Систем кој ме штити мене – но не и ќерка ми или кој било друг маж, жена или дете во нашата земја врз основа на бојата на кожата – е неподнослив.“
„Треба да напредуваме вон симпатиите и добрите намери кон законите и политиките кои всушност го адресираат структурниот расизам и неказнивост.“
Кризите предизвикаа да се кренат луѓето, а Џоли е воодушевена од тоа.
„Се чувствува како светот да се разбуди и луѓето принудуваат подлабоко размислување во своите општества. Време е да направиме промени во нашите закони и во нашите институции – да ги слушаме оние кои се највеќе погодени и чии гласови се исклучени.
А што се однесува до самоизолацијата, Џоли не е тип на селебрити која се жали дека ѝ е досадно. Таа повеќе сака да гледа надвор од својот дом и што се случува во светот.
„Јас сум длабоко загрижена за влијанието на пандемијата и глобалната економска криза врз бегалците“, рече хуманитарката.