Американската полиција уби уште еден Афроамериканец, 27-годишниот Рајшард Брукс.
Полициски службеници во Атланта пукале и го убиле 27-годишниот Афроамериканец, откако го пронашле како спие во близина на авто-пункт на еден ланец за брза храна.
Полицијата добила повик бидејќи неговиот автомобил го блокирал преминот на другите возила. Откако го тестирале за алкохол, било јасно дека тој е под дејство. Во полицискиот извештај се наведува дека дошло до турканица, поради што еден од полицајците извадил електричен шокер.
За време на пресметката, Брукс го грабнал шокерот, по што полицијата го застрелала.
#BREAKING Large crowd gathering outside a Wendy’s in #Atlanta following an officer involved shooting. Police allegedly fatally shot an unarmed black man in the parking lot around 11:30pm. So far, they have only confirmed an officer-involved shooting. Few details. #AtlantaProtests pic.twitter.com/HHgi899Kj2
— Eric Wasserman 🦆 "WASS" (@EricWasserman1) June 13, 2020