Германската сила, моќ и квалитет во служба на докторите кога е најпотребно.
Брендот Doppelherz е синоним за сигурност и висок квалитет во здравствениот сектор. Doppelherz нуди најквалитетни витамини, минерали, фармаколошки нутритивни екстракти и специјални хранливи материи за активен и здрав начин на живот, но и за додатна терапија при разни заболувања.
Германскиот бренд Doppelherz денес донираше 1.000 кутии имунитетен сируп за сите доктори кои се на првата линија на борба со корона вирусот.
Doppelherz е врвен германски бренд и е водечки бренд број 1 од областа на нутритивната фармација. Германија е земја која се справи со корона-кризата како пример за многу земји и оваа донација која е од имунитетни препарати е вредност од 20.000 евра, има специфична тежина поради искуството на германските здравствени фактори, како во произвдството и изборот на пепрати така и во самата есенција на здравствено менаџирање.
Во солидарност и помош нема многу и малку, иако количината од 1.000 кутии не е малку и е искрена помош за нашите доктори.
Целата медицинска јавност знае дека борба со вирус значи борба со имунитет.
Не навлегувајќи во суштинските медицински протоколи на лекување, донаторите истакнуваат дека со овој придонес сакаат да помогнат за здравјето и спремноста на нашите доктори.