Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтерова скала го погоди денеска јужниот дел на Јапонија, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, ниту е издадено предупредување за појава на цунами.
Епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од 160 километри во близина на островот Амами.