Во последните 24 часа, 734 луѓе починале од коронавирус во САД, со што е зголемен вкупниот број на 115.347, соопшти Универзитетот Џон Хопкинс, додавајќи дека се инфицирани повеќе од два милиони луѓе.
Водечкиот американски експерт за заразни болести Ентони Фаучи предупреди дека зголемувањето на бројот на хоспитализирани пациенти со коронавирус во некои држави може да излезе од контрола, доколку не се воведе строг режим на следење на контактите со заразените.
„Се очекуваше зголемување на бројот на заразени во САД откако беа олеснети рестриктивните мерки“, изјави Фаучи за кабелската мрежа Си-ен-ен.