На струшките гробишта денес се извршил погреб на починат од корона вирус, без да се запазат протоколите за погреби од ваков тип, објави „Либертас“.
Погребалниот оператор „Спокој – Петрушевски“ го зел пациентот од Инфективното одделение во Охрид, а во документацијата била наведена причина за смртта и нагласено дека е земен брис за анализа , бидејки починатиот бил сомнителен на корона вирус. Денес брисот му е потврден починатиот бил позитивен на корона вирус.
Операторот спротивно на законот организирал погреб со одар и изложување на покојниот. Според очевидците на одарот присуствувале четириесеттина луѓе, а имало и служба.
Фото: Либетрас