Од партијата Граѓанско-демократска унија јавно прашуваат дали градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, кој ги поздравувал заштитните мерки на владата ги почитува истите.
„Дали градоначалникот на Охрид знае дека кафулињата и рестораните работат до 22? Дали градоначалникот седи на маса со газда на локал кој пред скоро време добил тендер и уште еден советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ?Дали истиот тој градоначалник ќе го запре безредието и беззаконието со тоа што ќе руши плажи, а од друга страна не почитува закон?“, прашуваат од ГДУ додавајќи дека некој кој не почитува закон тешко може да спроведува закон.