Наследивме руинирана држава во која расипнички се трошеа пари за споменици додека патиштата, болниците, градинките и училиштата ни се распаѓаа. Наследивме хаос во неплански и недомаќински планови за патишта. Наследивме фрлани пари на граѓани во дупки без дно, соопшти на прес-конференција на координаторот на Советничката група, Живе Алексовски од редовите на СДСМ.
Ние имаме спротивен пристап. Европски пристап. Инвестираме во најнеопходните работи за современа држава – инфраструктурата. Инвестираме во иднината и во самоодржливоста. Инвестираме во зелената инфраструктура и ги менуваме застарените и дотраени објекти со нови кои овозможуваат по добри перформанси.
Чистата животна средина носи поздраво население, отвора зелени работни места и се инвестира во микроразвојот. Со помош на нашите европски партнери, изградивме 3 пречистителни станици на главните еколошки текови во државата. Се градат уште неколку. Не застануваме. Одиме напред кон зелена држава.
Градиме за да ни се развиваат селата, за да ни се чисти реките што ги напојуваат нивите, здрава и вкусна храната што ќе ставиме на домашната трпеза, онакакакошто е позната македонската храна.
Ги прошируваме капацитетите на меѓународните коридори за да ја подобриме економијата, се проширува патната и граничната инфраструктира на клучните премини Ќафасан и Деве Баир. Современа инфраструктура за современа економија.
Ги развиваме спортските капацитети за да овозможиме простор за нови навики на нашите граѓани, се градат низа затворени базени и спортски сали, рамноправно распределени низ цела држава. Со трим патеки му помагаме на локалното население да го стимулира туризмот и рекреацијата.