Поранешениот претседател на Државната изборна комисија, сега член Борис Кондарко за ТВ21 изјави дека Деркоски си земал преголеми овластувања кои не се овластување на ДИК.
Тој и останатите членови сè уште чекаат одговор од Оливер Деркоски дали ќе имаат седница, но првиот човек на ДИК најави дека седница нема да свика додека претседателот на Собранието, Талат Џафери не потпише ново решение за избори. Џафери, пак, изјави дека нема да потпише решение додека партиите не се договорат за датум за избори.
-Се уште чекаме одговор , очигледно претседателот повеќе комуницира со медиумите, отколку она што му е работа со членовите во институцијата. Ниту дојде ниту ни се јави. Сметам дека не само со денешната изјава, туку неколку недели наназад, претседателот на ДИК си зема преголеми овластувања, а со тоа би рекол преголема одговорност, од една страна да наложува на други институции што треба да направат, да поставува рокови, да определува дали во својство на Уставен суд дали некои уредби се важечки или неважечки и мислам дека тоа не се надлежности на ДИК, на никој од нас поединечно, и со тоа практично со изнесувањето на лични ставови, претседателот на ДИК ја користи позицијата во која се наоѓа, да промовира лични ставови и да дава свои толкувања, посочи Кондарко.