НБА играчите ќе бидат тестирани за КОВИД-19 од 23 јуни

Сите 22 екипи кои ќе учествуваат во последната фаза од сезоната во кошаркарската НБА-лига, ќе започнат со тестови за КОВИД-19 на 23 јуни, објави „ЕСПН”.

Тестирањето на сите членови на тимот ќе се одвива на дневна основа, како и во последните два дена пред екипите да започнат со тренинзи во комплексот „Дизни свет” во Орландо.

Тимовите се очекува да пристигнат на Флорида помеѓу 7 и 9 јули

Најавениот датум за почеток на камповите за обука е 30 јуни, а екипите треба да пристигнат на Флорида на 7 јули.

Остатокот од сезоната, што беше прекината во март поради глобалната пандемија, ќе се одржи во Орландо со само 22 екипи.

Треба да знаете
Последни објави