Најновото истражување на Галуп покажува дека 39 отсто од испитаниците ги поддржуваат потезите на Доналд Трамп како претседател на САД, додека 57 проценти не го одобруваат однесувањето на американскиот лидер.
Анкетата е согласно просечните податоци кои покажуваат дека Трамп го поддржуваат околу 40 отсто меѓу возрасното население на САД, како и меѓу неговите гласачи.
До изборите во САД останаа уште пет месеци, што значи дека се уште има време за промена во поглед на поддршката на граѓаните кон актуелниот претседател Трамп. Меѓутоа, историјата покажува дека рејтингот на претседателот на САД никогаш позначајно не се изменил од месец јуни во изборната година до моментот на одржувањето на изборите, судејќи според податоците од 1940 година откако се спроведуваат вакви истражувања во земјата.
Најверојатно поддршката на Трамп ќе бидат под 50 отсто, како и дека неодобрувањето на неговите постапки како лидер на државата ќе биде поголемо од одобрувањето. ваквите податоци би можеле да бидат загрижувачки за Трамп, како што пренесува Си Ен Ен, имајќи предвид дека постои силна поврзаност меѓу овие проценки и шансите за нова победа на изборите, како што покажуваат податоците низ историјата.