Членот на Извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски на денешната прес конференција која се одржа во просториите на партискиот Центар за комуникации, во Палата др. Христо Татарчев одоговараше и на новинарски прашање, меѓу кои и за извештајот на Фридом Хаус во делот за Република Македонија.
–Извештајот на Фридом Хаус само потврдува дека Македонија со Зоран Заев освен тоа што е хибриден режим е и оаза на корупцијата, криминалот и истовремено е загрозената слобода во нашата земја. Таму децидно се вели дека корупцијата останува сериозен проблем особено е нотирана неказнивоста за корумпираните владини функционери, за кои што имавме простор да слушнеме илјадници афери изминатиот период, вклучително и членови на парламентот и судството во нашата земја. Во извештајот е и влезена корупцијата на Зоран Заев, извештаите за заплашување и купување гласови кои што постојано ги обзнануваме и стануваат се по вообичаени во изминатиот период. Сивата економија е исто така е нотирана во извештајот и е голема, оставајќи голем број работници ранливи на злоупотреба од страна на работодавците во нашата земја. Исто така според извештајот останува голем проблем неефикасноста и независноста на нашето судството. Ова значи дека имаме и меѓународна потврда дека Зоран Заев Македонија дефинитивно ја направи најкорумпирана земја во цела Европа. И меѓународните пријатели знаат дека токму Зоран Заев е извор на криминалот во нашата земја, е извор на корупцијата и е човекот кој што ја загушува слобода во Република Македонија.