Во последните 24 часа е регистриран еден пациент со коронавирус во Хрватска, со што вкупниот број на пациенти е на 2.252, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.
Како што се наведува, заболеното лице е од Загреб, јавуваат хрватските медиуми. Досега се тестирани 70.110 лица, од кои 143 во последните 24 часа. Во болница има седум лица и никој не е на респиратор. Вкупниот број на оние што оздравеле е 2.134, а починале 107 лица.