На 14.06.2020 во 02.05 часот било пријавено дека на ул.„Јужноморавски бригади“, Р.Ј.(20) од Скопје, додека спиел во помошната просторија од куќата, непознат сторител влегол внатре и извршил претурање, а откако Р.Ј. се разбудил и се обидел да го спречи сторителот, тој го нападнал со нож, нанесувајќи му повреди, и го напуштил местото на настанот. Р.Ј. бил пренесен во Градската општата болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.