Поранешниот тренер на Тотенхем, Маурисио Покетино изјави дека сè уште не знае каде ќе работи во иднина.
– Ова е прашање од милион долари и секој ден го прашувам мојот асистент (се смее): кога ќе се вратиме, кој клуб? Големиот Хорхе Грифа рече кога имав 16 или 17 години:
„Маурисио, фудбалот ќе те одведе таму каде што сака, а не таму каде што ти сакаш. Имај доверба и стори сè што е потребно за да се исполни подготвената одлука што ќе ја донесе фудбалот”.
Мислам дека најважно е да се биде подготвен и отворен до моментот кога фудбалот ќе одлучи каде да ме упати, додаде Покетино.