Прва реакција на Путин за масовните протести во САД

Рускиот претседател Владимир Путин за првпат реагираше на масовните протести во Америка, кои избувнаа откако полицаец уби Афроамериканец за време на неговото апсење.

„Се обидувам многу внимателно да го коментирам или воопшто да не го коментирам она што се случува во САД и во други земји“, изјави Путин за телевизијата „Русија 1“.

„Она што таму се случува е манифестација на некои длабоки внатрешни кризи. Всушност, тоа го гледаме веќе долго време. Од моментот кога дојде на власт актуелниот претседател, кој очигледно победи на сосема демократски начин. Поразената страна измислува секакви приказни, само за да го доведе во прашање неговиот легитимитет“, рече претседателот на Русија, а пренесе „Спутник“.

Путин исто така бил изненаден од реакцијата на гувернерите на некои сојузни држави на наредбите на Доналд Трамп.

„Што е демократија? Тоа е владеење на народот, тоа е точно. Но, ако народот избере врховни органи, тогаш највисоките власти, кои ја добиле довербата на народот, имаат право да ја градат работата на извршните тела на таков начин што ќе ги гарантира интересите на огромното мнозинство од граѓаните. А што се случува таму? Претседателот вели – ‘Треба да постапиме така и така’, а локалните гувернери му велат да олади“, коментира Путин.

Треба да знаете
Последни објави