По Скопје, Тетово и во изминатово деноноќие има најмногу нови заболени од Ковид 19, па во моментов има повеќе активни случаи отколку Куманово.
Според последната статистика, вчера во земјава се регистрирани 162 нови случаи на коронавирус од кои во Скопје 92, во Тетово 32, а претходните жаришта, Куманово и Штип имаат пет, односно еден. И Охрид, кој беше потенцијален кластер има четворица новозаразени.
Во моментов во Скопје има активни 1.210 случаи, од кои најмногу во Чаир, најверојатно преку 300, бидејќи веќе неколку дена нема информации за заболените според општини, па следи Тетово со 239, Куманово со 221, Штип 196, Охрид 51, Струга 49, Гостивар 41…
Во Дебар официјлани податоци потврдуваат дека во последното деноноќие се регистрирани пет нови случи на ковид-19, сите жители на градот.
Вкупната бројка на заразени до сега изнесува 61 лице, од нив две од Центар Жупа, кои беа и првозаразени. Од вкупната бројка 47 се излекувани, четворица починаа, активни на болеста се 10 лица.
По цели педесет дена од последно излекуваниот пациент коронавирусот во Дебар се врати на 5 јуни, кога беше дијагностициран кај жена од селото Долно Косоврасти, а два дена потоа и кај маж од Дебар.