На интернет е објавено ново видео од убиството на Афроамериканецот Рајшард Брукс (27) во Атланта.
Снимките од надзорната камера покажуваат дека Брукс се врти додека трча и веројатно со одземениот елелтричен шокер целел кон полицајците сè додека не им се свртел со грб, кога еден од нив го застрелал.
https://youtu.be/29kj9uQtCUM
Брукс почина во болница.
Поради овој случај избувнаа немири во Атланта, каде во текот на денот, градоначалничката Киша Ленс Ботомс, соопшти дека ја прифатила оставката на началничката на полицијата Ерика Шилдс поради полициското убиство.
Еден од полицајците е преместен на административна позиција, а другиот е отпуштен од работа, но над 100 луѓе во Атланта повикаа полициските службеници да бидат правно обвинети за случајот.