ВМРО-Народна партија ја поздравува одлуката на Владата за либерализација на транзитниот сообраќај низ државата за странските државјани.
-Сметаме дека со ваквиот чекор во што побрз можен рок ќе се отворат границите и за сите жители на Македонија кои сакаат да влезат или излезат од државата со што значајно ќе се помогне во закрепнувањето на економијата“, се наведува во партиското соопштение во кое се додава дека овој чекор е и во насока на подобрување на комуникацијата особено бизнис релациите на македонските бизнисмени.