Итна седница на јужнокорејскиот Национален совет за безбедност по заканите од Пјонгјанг

Јужна Кореја одржа итен состанок за безбедност, откако Северна Кореја вчера се закани дека ќе ја уништи Канцеларијата за врски помеѓу Сеул и Пјонгјанг.

Директорот на претседателскиот Национален совет за безбедност на Јужна Кореја, Чунг Еуи-јонг одржа итна видео-конференција со министрите задолжени за безбедносата и со претставниците на армијата.

И Министерството за обединување, задолжено со односи со Северна Кореја соопшти дека „моменталната ситуација е сериозна” и оти двете соседни држави мора да се придржуваат до договорите.

Сестрата на севернокорејскиот лидер, Ким Јо-џонг вчера изјави дека наскоро ќе присуствува на уништувањето на „бескорисната” Канцеларија за врски помеѓу Северна и Јужна Кореја.

Таа наведе дека има овластување од Ким Џонг-ун да му нареди на одделот „одговорен за справување со непријателот” решително да ја спроведе „следната акција”.

Северна Кореја претходно ја прекина телефонската комуникација со Јужна Кореја и се закани дека ќе ги суспендира сите договори потпишани во 2018 година.

Треба да знаете
Последни објави