Техеран објави дека од Ковид-19 во последните 24 часа во Иран починале повеќе од 100 луѓе, што не се случило во последните два месеци. Здравствените власти пријавија 107 нови смртни случаи поврзани со коронавирусот од саботата до неделата, рече портпаролката на министерството за здравство, со што во земјата од таа болест до сега починаа 8837 лица.
Во последните 24 часа се заразени 2.472 лица, вкупно 187.427.
Кинеските медиуми известуваат за 57 нови случаи на коронавирус, што е неколку пати повеќе од вчера. Штом луѓето во Кина почнаа да чувствуваат дека можат да се вратат во нормалниот живот, во Пекинг е забележано ново жариште. Станува збор за најголемиот пазар на големо во Азија, Ѕинфади, каде само во последните два дена идентификувани се 42 случаи. Ова доведе до одлука за негово привремено затворање.
Големиот број на смртни случаи во Бразил, околу 43 илјади, доведува до ситуација во некои места да мора да се ископувата стари гробови за да се направи место за новите покојници.
Русија во последните 24 часа потврди над 8.000 нови случаи, со што вкупниот број на заразени во таа земја е над 500.000. Големиот број на нови заболени и на смртни случаи, 3.500 само во последните неколку часа, го направи Мексико најпогодената земја од Ковид -19 во Средна Америка.