Најверојатно, предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 15 јули.
Постигнувањето на политичкиот консензус меѓу сите политички партии во Северна Македонија е добра вест и демократска вредност што ја отсликува волјата на граѓаните, не дозволувајќи создавање на политичка криза.
Како постојано консолидиран политички субјект, ние константно изјавувавме дека сме подготвени за предвремени избори во секое време. Исто така, изјавивме дека според наше мислење најсоодветен датум за предвремените парламентарни избори беше од средината до крајот на јули, засновано на состојбата создадена од „Ковид 19“, со надеж дека ќе се намали бројот на заболени лица.
Ние проценивме дека би било прифатливо за АА и секој друг датум постигнат со консензус од сите главни политички партии во земјата, како што беше 12-тти април.
За нас како политички субјект е многу важно, но и за самиот изборен процес и за демократијата сите главни партии на земјата да учествуваат на изборите, со цел да се изгради кредибилен политички легитимитет.
Изборите на 15 јули, за Алијансата за Албанците, заедно со коалицискиот партнер Алтернатива и за сите албански гласачи, се златна можност да се направи политичка промена и не само тоа.
Алијансата за Албанците, заедно со Алтернатива според сите релевантни меѓународни и домашни анкети, се очекува да ја добијат легитимноста на албанските гласачи на изборите на 15 јули, факт што се очекува да го потврдат самите гласачи на денот на изборите.
Коалицијата АА-ААА, веќе коалиција на победата и промената, ја има судбината, но и одговорност да ја направи промената, за подобар живот, за целосна еднаквост меѓу своите граѓани, за функционирање на владеењето на правото и демократијата, социјалната благосостојба, економски развој, интеграција и др.
АА и ААА ќе ги претставуваат сите Албанци со достоинство, правејќи ги промотори на политичките промени и западните вредности.
На 15 јули Албанците ќе отворат ново поглавје во креирањето политики, оставајќи го зад себе владеењето на ДУИ, која честопати не успеа да го претставува имиџот и интересот на нивните гласачи и на Албанците воопшто.
Сега е време да се изгради нов политички легитимитет, заснован на нашата политичка програма и платформа.
Сега е време да го покажеме вградениот политички кадровски капацитет, во интерес на нашите гласачи, институции и држави.
Сега е време да побараме и одговорност за 18-годишното владеење на ДУИ за корупцијата што го карактеризира овој политички субјект, губејќи ја политичката моќ на албанските гласачи.
Сега е време заеднички да ја ослободиме државата од ова владеење. Да се создадат можности за деполитизација на судовите, обвинителството, јавната администрација, универзитетите итн.
Сега е време да им го вратиме на Албанците гордоста и достоинството, честопати изгубени.
Сега е време на промената и на нашата заедничка победа колку очекувана, исто толку потребна!