Капитенот на англискиот фудбалски премиерлигаш Астон Вила, Џек Грилиш е решен да му се приклучи на трофејниот Манчестер јунајтед ова лето без разлика дали тимот од Бирмингем ќе избегне испаѓање.
Грилиш се појавува како една од главните цели на Јунајтед пред летниот преоден рок. 24-годишниот Англичанец има 176 настапи за својот матичен клуб од пробивањето во првиот тим во 2012 година, помагајќи му на тимот да ја освои промоцијата минатата сезона. Сепак, клубот во моментов е на 19-то место на табелата, два бода од спасувачката зона пред рестартирањето во Премиер лигата.
Главниот извршен директор на „црвените ѓаволи” Ед Вудворд, во моментов, планира разговори со Астон Вила за договор од 75 милиони фунти. На Грилиш ќе му биде понуден договор вреден околу 150 000 фунти неделно на „Олд Трафорд”.
За Вудвард се вели дека гледа во Грилиш идна sвезда на „црвените ѓаволи”.