СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Н. (21) од Теарце – Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “силување“.
На 09.06.2020 пријавениот во два наврата се обидел да изврши полови дејствија над оштетената од с.Теарце. Имено заедно со неговиот пријател Б.Т.(25) од истото село, додека движејќи се со патничко возило „опел корса“ управувано од Б.Т., пријавениот телефонски ја повикал да дојде во близина на спортска обложувалница, а кога пристигнала пријавениот ја убедил да влезе во возилото и сите тројца се упатиле кон с.Варвара- тетовско.
Кога пристигнале во с.Варвара тројцата излегле од возилото и пријавениот со Б.Т. се обиделе да извршат полови дејствија, по што оштетената успеала да ги оттурне од себе. Потоа сите тројца влегле во возилото кое го управувал Б.Т. и се упатиле во правец кон с.Теарце–тетовско, при што пријавениот повторно се обидел да изврши полови дејствија над неа и физички ја нападнал, но не успеал во намерата.
Кога пристигнале пред спортската обложувалница, пријавениот насилно ја извадил надвор од возилото и и упатил закани дека ќе објави нејзини слики на интернет, доколку раскаже на некој за настанот.