Тетовската полиција бележи пријави за три физички напади во текот на вчерашната вечер. Една од пријавите е за семејно насилство.
-Половина час по полноќ, 45-годишен тетовец во СВР Тетово пријавил дека во нивниот дом бил физички нападнат од неговиот 25-годишен син. Претходно околу 20 часот Б.Н.(44) од Тетово пријавил дека 10-тина минути претходно додека бил на работа во автоперална на улица „Борис Кидрич” во Тетово, бил физички нападнат од Б.Х.(37) од тетовско Гајре, од негов роднина и од уште едно непознато лице. Во 23 часот и 45 минути, П.Џ.(30) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека на улица „Илинденска” во Тетово, бил физички нападнат од 4 лица, кои по случена сообраќајна незгода со него, излегле од возило „бмв”, со тетовски регистарски ознаки и физички го нападнале, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Тетовската полиција сега работи на расчистување и документирање на трите случаи.