Полицијата во куќа во Ваксинце пронашла педесетина мигранти, информираше МВР.
-На 14.06.2020 во село Ваксинце, кумановско, од полициски службеници бил извршен претрес во домот на Т.Ќ.(59), при што биле пронајдени 51 мигрант. Од нив 38 биле од Пакистан и 13 од Авганистан, меѓу кои имало и шест малолетни лица, велат од полицијата.
Известен Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.