Интегрален текст од изјава за медиуми на Тони Јаревски
„Изминува речиси цела недела откако се актуелизира еколошкото злодело што се одвива тука, а надлежните институции се однесуваат како да не постојат. Тука сме на лице место и како што гледате, нема табла, ниту кој е инвеститор, ниту кој е изведувач, ниту број на проект, ниту број на договор, ниту било каква друга информација што е пропишана согласно законските норми и прописи. Да Шилегов и Богоев, граѓаните и надлежните институции да ја сфатат сериозноста на ситуацијата и да се добие јасна слика што се случува тука, дали е криминал од една страна и истовремено злосторство врз животната средина од друга страна. Потребно е да се одговори на серија на прашања.
За почеток денес ќе поставиме неколку за Шилегов и едно до Стефан Богоев. Прво, бидејќи е недвосмислено јасно од снимките, се гледа дека багерите вршат ископ на природен материјал, песок и чакал и истиот го товарат во камиони кои полни го напуштаат местото.
Прашуваме, дали има издадено лиценца за ископ на било која фирма на оваа локација и каде и за која намена истиот се складира?
Второ, колкава количина на природен материја песок и чакал е досега ископана и одвезена и каков вид и количина на отпад е депонирана во дупките од кои се вршеше ископ.
Трето, дали Шилегов по целосна одговорност ќе потврди дека изминатите неколку месеци тука не е депониран радиоактивен или канцероген отпад како на пример стари громобрани, азбесни цевки и кровови.
Следниот прес ќе го одржиме пред општина Карпош, а до тогаш очекуваме одговор дали господин Богоев стои на ставот дека оваа локација не е заштитна зона на бунарското подрачје Нерези – Лепенец и дали се уште смета дека ова што се случува тука не претставува опасност по здравјето на Скопјани и безбедноста и квалитетот на водата од бунарите.