Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Т.Ј.(39) од с.Брждани-кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “силување“.
На 08.06.2020 во село Брждани, пријавениот со употреба на физичка сила и закана по нејзиниот живот, извршил обљуба врз оштетената при што насилно ја внел во неговото патничко возило „голф“.
Потоа ја однел во атарот на село Видрани и извршил полови дејствија, по што повторно со истото возило ја однел во неговата куќа. Таму исто така со употреба на физичка сила и сериозни закани извршил полови дејствија.