Селекторот на Италија, Роберто Манчини ги прогласи своите омилени играчи и тренери од неговата кариера како фудбалер.
На трето место меѓу тренерите го стави Тарцисио Бурник, кој му овозможи да дебитира во Серија „А” со Болоња.
– Тој имаше храброст да ме пушти на 16 години, изјави Манчини за Раи Уно.
Втор според него е Вујадин Бошков.
– Тоа беше одлично искуство и ме направи шампион со Сампдорија, посочи Италијанецот.
На првата позиција, можеби малку изненадувачки, е Свен-Горан Ериксон.
-Тој беше како брат за мене. Сите тие се различни тренери и научив многу од нив, изјави слекторот на „азурите”.
Во однос на играчите тој ги рангираше вака: „Трет е Роналдо, кој беше феномен, јас играв со него. На второ место е Џанлука Вијали, мојот брат. Секако, Диего Армандо Марадона мора да дојде на прво место”.