Милошоски: Извештајот на Фридом Хаус е официјална потврда дека ЈО е под контрола на Заев и врши политички диктати

Интегрален текст од прес конференција на Антонијо Милошоски

 

„Денес би сакал да кажам неколку поенти поврзани со извештајот на Фридом Хаус кој што ја опишува ситуацијата во Република Македонија како прилично алармантна, особено во делот на корупцијата и на политичкото влијание на власта врз клучните институции како што се судството и обвинителството. Преку извештајот на Фридом Хаус македонската јавност за жал посведочи дека денешниот развој на настаните во обвинителството е многу полош од претходните години.

Политичкото мешање во работата на јавното обвинителство е еден од најголемите проблеми кој што Македонија го има за да се справи против борбата со криминалот и корупцијата. Обвинителството на Јовевски и на Вилма сега и со меѓународен извештај се потврди дека е политичко обвинителство кое што спроведува селективна правда и селективни закони. Политичката монтажа за 27 април, прогонот на политички неистомисленици најчесто од опозицијата и многу невини луѓе во затвор, а многу осудени затвореници на слобода, како што е убиецот на Мартин Нешковски и други покажуваат дека политиката длабоко замешала прсти во судството, обвинителството и во установите кои што ги спроведуваат судските пресуди.

Во изминативе 3 години, ниту еден криминалец особено ако е од редовите на власта не одговараше, напротив тие станаа први другари со Заев и неговиот потесен круг. Oвој меѓународен документ на Фридом Хаус уште еднаш потврдува дека изминатите три години имаме монтирани случаи, дури и кога се одговора сетете се на градоначалниците Боро Малборо и Курто Дудуш и ќе ви стане јасно дека политиката е посилна од обвинителството и судовите.Ова е официјална потврда дека клучниот елемент кој што ја очекува Македонија при можните идни преговори со ЕУ, владеење на правото во Македонија е сериозно загрозен.

Дополнително корупцијата останува голем и сериозен проблем особено неказнивоста по однос на корупцијата на високи владини функционери, многу медиуми, новинари, па и политички опоненти открија неколку крупни афера но за жал за ниедна од нив немаме ниту обвинителска, ниту пак судска разрешница. Последен пример за  поткуп и за предизборна корупција се пакетите коишто Заев и неговите најблиски соработници ги делат на посиромашни семејства нудејќи им пакет прехранбени продукти во замена за избирачки глас, што е одлика на Заев во Струмица, но за жал ја спроведува на територија на цела Република Македонија.

На полето на економијата гледаме неуспеси од оваа влада се гледа и во извештајот на Фридом Хаус дека сивата економија е голем а и остава голем број на работници коишто се ранливи и можат да бидат злоупотребени од страна на работодавачите, а да не можат да си ги остварат своите работнички права. Извештајот на Фридом Хаус не е поволен за Македонија и за жал е една меѓународна потврда дека корупцијата и селективната правда и сивата економија се трите одлики на хибридниот режим на Зоран Заев.

Со СДСМ, со Зоран Заев и Оливер Спасовски, за жал тоа се нашите одлики како држава и на меѓународен план добиваме извештаи коишто значат пораз за стандардите на една НАТО членка и на една земја која сака да биде кандидат и да преговара за членство во Европската унија. Затоа сметаме дека е време на Зоран Заев, на Оливер Спасовски и на СДСМ, да им се каже доста е, да се понуди добра политичка алтернатива и да се започне процесот на обнова и на економијата и на институциите, и на примената за законите во цела држава.

 

 

Треба да знаете
Последни објави