Во Словенија од денеска, под строги правила и превентивни мерки, се отворени сите плажи долж крајбрежјето. Националниот институт за јавно здравје објави дека поради спречување на ширењето на коронавирусот на плажите растојанието меѓу луѓето не смеа да биде помало од 1,5 метар, додека во вода тоа мора да биде два метра. Исто така во вода не смее да има групирање на луѓе, повеќе од двајца доколку тие не се дел од исто семејство или домаќинство.
Дополнително операторите на плажите мораат да се грижат за редот, а капацитетот на капалиштата да биде во согласност со препораките на институтот.
Доколку гостите сакаат да одат во тоалет, тоа мораат да го прават исклучиво носејќи заштитни маски, а внатрешните делови на угостителските објекти на плажите ќе мораат редовно и целосно да се дезинфицираат.
Словенечките власти објавија дека набрзо ќе бидат отворени и поголем дел од хотелите и сместувачките капацитети.