Голем транспарент со „Црните животи се важни“ е отстранет денеска од американската амбасада во Сеул бидејќи не му се допаѓал на американскиот претседател Доналд Трамп, изјавиле два добро упатени извора.
Транспарентот бил поставен во саботата на Амбасадата, која преку „Твитер“ ги поддржала протестите против расизмот во САД и светот поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд за време на апсење во Минеаполис на 25 мај.
Трамп, кој на уличните демонстрации реагира со тоа што се прогласи за претседател на законот и редот и ги повика локалните власти да ги спречат, не беше задоволен со веста за транспарентот, велат неименувани извори.
Белата куќа и Стејт департментот засега не одговорија на барањето за коментар.