На 15.06.2020 во 00,00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на улица Призренска се слушала гласна музика и истрели од огнено оружје.
По излегување на местото на настанот од полициски службеници било констатирано дека Б.Т.(29) од Скопје, полициски службеник, од службениот пиштол испукал неколку пати во воздух.
За настанот бил известен Одделот за внатрешна контрола. На местото на настанот пронајдени биле чаури. Се работи на расчистување на случајот.