„Новите санкции би биле сериозно мешање во европската енергетска безбедност и суверенитетот на Европската унија”, се наведува во соопштението на германското Министерство за надворешни работи.
Вашингтон воведе санкции кон крајот на минатата година, наменети за бродовите кои поставуваат цевки во Балтичкото Море и странските државјани кои се вклучени во тие работи. Мерките го одложија завршувањето на проектот, планирано за крајот на минатата година.
Овој месец, група американски сенатори претставија предлог-закон, со кој се предлага санкционирање на компаниите кои обезбедуваат бродови за други активности поврзани со проектот.
Вашингтон предупредува дека ЕУ ќе биде уште повеќе зависна од рускиот природен гас поради гасоводот, на што предупредија Украина и некои членки на ЕУ, како Полска.