Законот за безбедност за Хонгконг не предвидува ретроактивни казни

Новиот закон за национална безбедност за Хонгконг не предвидува луѓето да се казнуваат ретроактивно, изјави денеска Денг Џонгуа, заменик директор на Канцеларијата за Хонгконг и Макао.

Тој истакна дека Пекинг мора да има можност да има јурисдикција врз најсериозните случаи во областа на националната безбедност.

Денг нагласи дека законот ќе биде согласно законите и правосудниот систем во Хонгконг.

Законот за безбедност, со кој како кривично дело се третираат сецесијата, субверзијата, тероризмот и странското мешање во Хонгконг, го осудија западните земји, како што се Велика Британија, САД и Австралија. 

Треба да знаете
Последни објави