Љупчо Зиков во гостувањето во „Само Вистина“ рече дека Зоран Заев прокнижи поен кај граѓаните што прифати избори на 15 јули.
-Паметниот попушта. Попуштено му е на Мицкоски од аспект на тоа што целата трговија со датумите во периодов наназад буквално беше трговија на кванташки пазар. Неговата стратегија беше колку повеќе да се одолговлечат изборите и тој лицитираше со три датуми кон крајот на август и почетокот на септември. Ако се гледа од тој аспект не гледам дека му е исполнета стратегијата. Тој мислеше летово да ја задржи техничката влада во која има еден министер и неколку кајли во владата кои треба да прават проблем. Повеќето заболени му оди во прилог на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, да игра со рејтингот на партијата, односно со разочарувањето на граѓаните од СДСМ.
Мицкоски покажа малку количина на државнички однос кон моментот во кој се наоѓа Македонија и кон блиската иднина на Македонија. Која и да е идна влада треба сериозно да се зафати со борбата со Ковид-19. Стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ е падната, не е остварена со термините крајот на летото, имајќи во предвид со каква стратегија влегоа да играат катанаџо со изборите да ги ослабнат, да нема избори, да ги закочат. Изборите не се закочени, а воопшто нема разлика меѓу 5 и 15 јули, паметниот попушти бидејќи разликата е 10 дена. Заев прокнижи поен кај граѓаните што прифати избори на 15 јули, рече Зиков.