Криминални банди во два наврати вчера се пукале во Сараево. Никој од учениците во пукотниците не е уапсен потврди Министерството за внатрешни работи во Босна и Херцеговина од кантонот Сараево.
Полицијара работи на расчистување на овие два случаи со меѓусебни престрелки и трага по учесниците во инцидентот.
Првата пукотница се случила во доцните попладневни часови на улицата „Патриотска лига“ во општината Центар.
Набрзо потоа околу 20 часот следувала и втората пукотница во близината на стадионот Кошево. Двата случаи според тамошните медиуми се поврзани и станува збор за пресметка на криминални банди.
На престрелката кај стадионот Кошево и претходела кавга во кафетерија, која била иницирана од навивачки графити.