Полицаецот од Атланта, Герет Ролф, кој е осомничен дека употребил огнено оружје при приведувањето на Афроамериканецот, Рајшард Брукс, е отпуштен од работа и може да биде обвинет за едно од три кривични дела – убиство, убиство со предумисла или убиство од небрежност, изјави Пол Хауард, обвинител на округот Фултон во државата Џорџија.
Хаурад за Си-Ен-Ен изјави дека обвинението ќе зависи од тоа дали Ролф чувствувал непосредна смртна или физичка закана, па затоа ја донел одлуката да употреби огнено оружје или само го употребил за да го фати осомничениот или од некоја друга причина.
-Доколку куршумот го испукал од која било друга причина, а не да го спаси сопствениот живот или да го спречи него или некој друг да биде повреден, тогаш употребата на огнено оружје е нелегална, рече Хауард.
Тој најави дека во среда ќе ја донесе одлуката за обвинението во случајот на убиството на Рајшард Брукс.