Британска Амбасада Скопје поради коронавирус кризата, наместо традиционалниот прием за роденденот на Кралицата, годинава прославува 27 години пријателство и билатерални релации помеѓу Британија и Северна Македонија.
Цврстото пријателство помеѓу двете земји беше одбележано со онлајн активности кои се случуваа во Британија како балетски и театарски изведби, британска музика, опера и друго. Во партнерство со Британскиот совет и МРТ1 се споделија и едукативни документарни емисии како и емисии за учење на англискиот јазик за македонската публика.
– Во изминатите 25 години Британија има поддржано и над 220 Чивнинг стипендисти кои ги завршија своите едногодишни магистерски студии во Британија и се вратија во Северна Македонија да го споделат своето новостекнато знаење за градење на силно и напредно општество. Имаме придонесено и во образовниот сектор поддржувајќи го учењето на дигитални вештини за ученици преку проектот со Британскиот совет – Училишта на 21от век, како и развојот на Едуино платформата во партнерство со УНИЦЕФ, се вели во соопштенито од британската амбасада.
Бендот на Британска Амбасада Скопје, по тој повод, ја изведе и легендарната “Let it be” од The Beatles и добивме честитка од светски познатиот пијанист и промотор на македонската култура во Британија, маестро Симон Трпчески.
Во соработка со Асоцијација на специјализанти и млади лекари, се вели во соопштението од британската амбасада, биле донирани оброци за оние кои се борат во првите редови продив коронавирусот во Северна Македонија, медицинските работници од Градска општа болница „8ми Септември”, Клинички центар „Мајка Тереза” и ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски” Скопје.
Заедно со невладината организација „Една може” биле дониари и пакети со прехранбени производи како и производи за чистење и дезинфекција за еднородителски семејства кои се помеѓу најранливите граѓани погодени од коронавирус кризата. Британија, се вели во соопштението од британската амбасада, останува силен партнер на Северна Македонија и продолжува да го гради и зацврстува долгогодишното пријателство.