СПЦ повторно одржа протестни литии во Црна Гора

Во неколку црногорски градови, по неколку месеци пауза, повторно се одржаа литии на свештениците и верниците на Српската православна црква против законот за слобода на вероисповед кој и покрај незадоволството беше усвоен на крајот на 2019 година.

СПЦ тврди дека црногорската држава со законот за слобода на вероисповед сака да им го одземе нивниот имот во Црна Гора, па од почетокот на 2020 година, двапати неделно организираше протестни прошетки во црногорските градови, што запре во средината на март кога започна епидемијата на коронавирус.

Црногорската влада со ублажување на мерките преземени за заштита од ширење на короновирусот, дозволи јавни собири за најмногу 200 лица, па свештениците на СПЦ синоќа ги повикаа некои од верниците да одат дома за да избегнат кршење на тие мерки.

Литии на СПЦ се одржаа во Подгорица, Никшиќ, Будва, Беране и Плужине.

Црногорската полиција уапси девет свештеници на СПЦ во Никшиќ кон средината на мај за кршење на забраната за собири, откако покани илјадници граѓани на литија низ улиците на градот. Тие поминаа 72 часа во притвор, а нивното апсење доведе до насилни протести и интервенција на црногорската полиција во неколку градови.

Треба да знаете
Последни објави