Грција ги отвара своите граници за 29 земји од денеска. Меѓу земјите чии државјани ќе можат да патуваат во оваа земја се наѓаат и соседите од поблиското опкружување.
Но има еден проблем, на копнениот премин Евзони кој единствен во ова време на пандемија со коронавирусот ќе биде отворен на почетокот за влез во Грција преку Македонија, ќе се кренат рампите на 1 јули.
Тоа значи дека Србите кои сакаат да поранат на грчките плажи до 30 јуни ќе треба да кружат преку Бугарија за да стигнат на посакуваната дестинација во Грција. Македонија дозволи транзит преку земјава за непречен проток на туристите, кој подразбира незадржување повеќе од пет часа од влезот до излезот на друг премин во државава, но проблем ќе биде што преминот на грчката старна Евзони нема да работи до 30 јуни.