Телеграма со сочуство на претседателот Заев до семејството на доктор Магдалена Антова Велевска

Претседателот на СДСМ Зоран Заев испрати телеграма со сочуство до семејството на починатата професорка и доктор и поранешна пратеничка на СДСМ, Магдалена Антова Велевска
Во телеграмата меѓу друго се наведува:
Со искрена жал ја примив веста за смртта на доктор Магдалена Антова Велевска, истакната професорка и докторка и почитувана членка и поранешна пратеничка на СДСМ.
Упатувам длабоко сочуство до семејството за загубата. Нејзиното заминување на е загуба само на вашето семејство, туку на здравствената и научната фела, тоа е загуба за државата и стручната јавност.
Искрено се надевам дека во овие мигови на неизмерна жал, ќе најдете утеха во делата што Магдалена ги остави зад себе.

 

Треба да знаете
Последни објави