Обединети нации денеска предупредија дека повеќе од 50.000 деца помлади од пет години би можеле да починат во текот на годината на Блиски Исток и во Северна Африка ако не се возобнови пружањето на здравствени услуги и вакцинацијата, што е нарушено поради пандемијата со новиот коронавирус.
– Здравствените системи се под невиден притисок поради пандемијата со коронавирусот и иако нема многу случаи на коронавирусот помеѓу децата во тие региони, јасно е дека вирусот директно ќе влијае врз нивното здравје, се истакнува во заедничкото соопштение на Организацијата на ОН за децата (УНИЦЕФ) и Светска здравствена организација (СЗО).
Предупредувањето уследи откако голем број здравствени работници ги пренасочија напорите да одговорат на епидемијата.
– Покрај тоа, ограниченото движење и економските бариери дополнително го спречуваат пристапот на населението до здравстената заштита, се посочува во соопштението.
УНИЦЕФ и СЗО апелираат за „целосно и безбедно продолжување на кампањата за вакцинација и обезбедување на храна, со строги мерки на превенција против вирусот”.