Амбасадорот на САД во Република Северна Македонија,Кејт Брнз, на твитер ја поздрави информацијата дека предвремените парламентарни избори се закажани за 15 јули.
– Ја поздравувам информацијата дека изборите се закажани за 15 јули. Идниот Парламент и Влада се соочуваат со исклучителни одговорности и што ќе влијаат врз иднината на државата, вклучувајќи го и Ковид – 19, како и пристапните преговори со ЕУ. Со нетрпение чекам да продолжи и продлабочи нашето партнерство, напиша амбасадорката Брнз на твитер.