Авион на американските воздухопловни сили се урна недалеку од брегот кај Јоркшир, јавуваат британските медиуми.
„Скај њуз“ пишува дека авионот „Ф-15“ се урнал во Северното Море, а како што се наведува, веб-страницата што го следи движењето на авионот регистрирала како авионот кружел во таа област.
Светските медиуми објавија дека несреќата се случила за време на вежбањето на формацијата и посочуваат дека во тек се спасувачките операции.
Американските воздухопловни сили соопштија дека се во потрага по пилотот.
A USAF F-15C from RAF Lakenheath has crashed into the North Sea this morning. Search & Resuce is ongoing
— Air & Sea Intel (@air_intel) June 15, 2020



