Вечерва во хотелот „Мериот“ во центарот на Скопје, се случила тепачка меѓу обезбедувањето на Сашо Мијалков и еден од обвинетите во случајот Рекет, Зоран Милески Кичеец.
Тепачката, како што наведува Љупчо Палевски на својот Фејсбук профил, се случила кога Кичеец со пријател дошол во кафулето „Дистрикт“, а келнерите му соопштиле дека не е пожелен и дека нема да го служат. Се случила расправија во која физички се пресметале обезбедувањето на Мијалков и двата непожелни гости. Кичеец завршил со скршн нос, а и обзбедувањето не поминало добро, пишува Палевски.
„Кичевскиот со уште едно другарче пред саат време во #Дистрикт дошол во посета на мафијашот на батерии ДонМијале, кој нормално си го викнал приватното обезбесување. По кратката и квалитетна тепачка екипава на ДонМијале го извлекла дебелиот крај и тоа квалитетно, а Кичевскиот со скршен нос. Подоцна Дон Мијале викнал полиција нормално да ги брани…..а ДонМијале се повлекол во КУЌНИОТ ПРИТВОР Мериот каде се ова се случувало.
Закључок, ДонМијале почна и дома у куќен притвор да не е рааат.
#ЛитиумЈонскаМАФИЈА
ПС: ДонМијале кога видел дека неговиве губат утакмица викнал полиција и напуштил своја кафана.
Причина за тепачката е што кога дошол Кичевскиот келнерите му соопштиле дека не е пожелен и не го служат….. па продискутирале….“, пишува Палевски.
https://www.facebook.com/palevski/posts/3232818380072630