Словенечките компании го губат интересот да произведуваат заштитни маски потребни пред се за борба против коронавирусот. Главната причина за ова според раководствата на производните капацитети е тоа што тие не можат на направат маска, како што велат ,по „кинеска цена”.
-За жал навистина не можеме да изработуваме маски со цена како оние што доаѓаат од Кина и затоа решивме да престаниме се производство и целосно да се вратиме на нашата првична дејност. Се надевам дека нема да има втор бран на коронавирусот и нама да има потреба повторно да зборуваме дека изработката на маски од дома е од клучно значење во справувањето со пандемијата, изјави за Телевизија Словенија Марјан Тробиќ, директор на компанијата Боксмарк.
Од Заводот за стоковни резерви на Словенија објави дека засега имаат доволни количества заштитни маски и опрема потребна пред се за медицинскиот персонал.
На почетокот на епидемијата, односно во март, во земјата имаше голем недостаток од заштитна опрема, пред се маски, па Владата ги повика сите компании кои се во можност да го запрат редовното производство и да почнат да изработуваат заштитна медицинска опрема.
Според податоците, пет отсто цела заштитна медицинска опрема во земјата е од словенечко производство.