Милошоски: Избори на 15 јули ако има добри здравствени протоколи и набљудувачи од ОБСЕ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на прес конференција изјави ако се исполнат условите за доставување на набљудувачи од ОБСЕ и ОДИХР и воведување на сериозни здравствени протоколи за изборната кампања и денот на гласање, ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на изборите на 15-ти јули и ќе биде победничка партија.

-ВМРО-ДПМНЕ постави услови кои што се меѓународно признати стандарди и почитувањето на тие услови нас ќе не донесе до датумот на избори. Првиот наш услов е добри здравствени протоколи и посериозна борба против пандемијата и во ова време и особено во време на евентуално идна кампања и  за време на гласање, и вториот услов е меѓународниот и европски  стандард на мониторинг  мисија од страна  на ОБСЕ и нејзино воспоставување во Република Македонија. Оној ден кога ОБСЕ ќе стигне  во Македонија со својата мисија, следниот ден може да ја почнеме изборната кампања која што трае три недели и ќе стигнеме така до самиот датум на изборите за кој што не сакаме да се одржат без мисија на ОБСЕ затоа што би биле изборен грабеж и поткуп на фамилијата Заеви со тие пакети кои што ги разнесуваат по посиромашните семејства. Затоа сакаме да имаме избори кои што ќе ги запазат здравствените протоколи и меѓународните стандарди на ОБСЕ и ОДИХР. Во овој период сметам дека е важно да се напомене дека одговорноста за прифаќањето или неприфаќањето на овие два сериозни стандарди од ВМРО-ДПМНЕ е кај Зоран Заев. Доколку ги прифати овие два востановени стандарди и се рационални, реални, тогаш ќе одиме на избори и ќе го поразиме. Доколку не ги прифати или одбие тогаш веројатно е дека се плаши од пораз на избори каде што би учествувала опозицијата но и  за секоја политичка или друга криза која  што би била последица на таквото однесување ја превзема целата одговорност, рече Милошоски.

Во однос на препораките од СДСМ дека гласањето е како одење во маркет, Милошоски објасни дека СДСМ најпрвин треба да ги испочитува членовите и надлежностите на Државната изборна комисија.

-Државната изборна комисија најдобро знае во какви канцеларии, општински згради или помали месни заедници се гласа како гласачки места на кои што се гласало досега. За жал во некои од тие места нема простор ниту за самите членови на избирачкиот одбор, а камо ли за уште 15 набљудувачи на листите кои што се поднесени од разни политички партии. Затоа сметаме дека треба да се седне со ДИК и комисијата која што ја предводи  Караџовски како доктор да не политизира премногу, туку да седне и да се запознае со условите на ДИК и да обезбеди услови за пристојно гласање со намален здравствен ризик за секого. Затоа цениме дека треба оваа работа да се сфати многу посериозно од една изјава на  Филипче или Караџовски на прес конференција, смета пратеникот.

 

Треба да знаете
Последни објави