(Видео)Муслера го чека долга пауза за да се врати на голот од Галатасарај

Уругвајскиот фудбалски голман Фернандо Муслера од редовите на Гарлатасарај доживеа тешка повреда на мечот со Ризеспор и заврши во болница. Искусниот (33 г.) чувар на мрежата се повреди во 13. минута од натпреаврот по еден судри со противнички фудбалер и се здоби со тешка повреда на коленото, поради што го чека долга пауза за да се врати на голот кај Галатасарај.

https://twitter.com/i/status/1272231751797137410

Медицинскиот тим му пружаше прва помош на Муслера дури десет минути на теренот, а подоцна голманот со имобилизирана нога беше однесен со брза помош на операција.

На социјалните мрежи се појави видео од пристигнувањето на Муслера во болница, па на неговото лице можеше да се забележи дека е во шок.

https://youtu.be/mv1gZEocyE4

Треба да знаете
Последни објави