Повеќе од 1.000 луѓе починаа од коронавирус во Саудиска Арабија, соопшти денеска Министерството за здравство.
Според податоците, 1.011 лица починале од коронавирус, а заразени се 132.048, со што Саудиска Арабија е најлошо погодена заливска земја и покрај тоа што земјата неодамна почна со олабавување на мерките за изолација.
Над 4.000 заразени се регистрирани денеска, втор ден по ред, додаваат властите.
Одделенијата за интензивна нега во Ријад и Џеда се преполни, па голем е притисокот на здравствениот систем, изјавиле лекарски извори за „Франс прес“.
Властите на почетокот на месецот најавија повторно затворање на Џеда во пресрет на годишното собирање на муслиманите во Мека.